Во 83-та година од животот почина Актерот Леонард Нимој.
Тој беше најпознат по улогата Мр. Спок во „Ѕвездени патеки“.
Тој со години се бореше со тешката болест на белите дробови. Иако пред 30 години престанал да пуши, зависноста оставила трага на неговиот организам.
– Престанав со пушење, но предоцна. Напревете нешто за вашето здравје, престанете да пушите веднаш за да имате што подолг и поквалитетен живот, објави минатата година Нимој на социјалните мрежи.
Леонард заради болеста не можеше никаде да оди без боца со кислород.
Одењето во болница не го обесхраби. И понатаму беше активен на социјалните мрежи каде објавува поезија која ја пишува сам.
Освен тешката болест на градите, Нимој имаше проблеми и со констатниот шум во ушите.
Верува дека е причината за та состојба е вревата на сетот на „Ѕвездени патеки“.