Почина актерка номинирана за Оскар за улогата во филмот „Ана“

Од:

Актерката Сали Киркланд почина на 85-годишна возраст. Телевизиската и филмска ѕвезда, која беше номинирана за Оскар во познатиот филм „Ана“ од 1987 година, почина неколку дена откако беше примена во болница во Палм Спрингс, по период на лоша здравствена состојба во последните години и серија падови, објавува Deadline.

Нејзиниот претставник, Мајкл Грин, изјави за TMZ дека таа починала утрово во 1:50 часот по PT.

Киркланд, која некогаш беше дел од уметничкото студио на Енди Ворхол, The Factory, и учесник во авангарден театар, е најпозната по улогата во филмот „Ана“ од 1987 година.

Таа играше улога на чешка актерка која патува во Њујорк. Оваа улога ѝ донесе номинација за Оскар за најдобра актерка.

Таа беше позната и по своите улоги во филмови и серии како што се „Чарлиевите ангели“, „ЏФК“ и „Брус Семоќниот“, а вкупно се појави во над 250 филмови и ТВ серии.

Киркланд глумеше во „Денови од нашите животи“ и „Долина на куклите“, а нејзините камео улоги вклучуваат серии како што се „Коџак“, „Старски и Хач“.

Би можело да ве интересира

Адриен Броди го собори рекордот за најдолг говор на Оскарите

А1он

(ФОТО) Деми Мур по поразот на Оскарите побегна да јаде помфрит

А1он

Најлошите филмови што добија Оскар

А1он