Пирс Броснан разочаран со новиот филм за Џејмс Бонд

Од:

Актерот Пирс Броснан не го криеше своето разочарување кога го гледаше најновиот дел на филмот за Џејмс Бонд „Спектра“.

Иако сите беа изненадени од неговата реакција, актерот кој го играше ликот на Џејмс Бонд од 1995 до 2002 година, отоврено го опиша своето разочарување кога тој го гледаше најновиот дел на франшизата.

Тој истакна дека филмот е слаб и оти премногу е долг.

– Многу се радував на продолжението на филмот. Но добивме слаба приказна и филм кој е предолг, рече Броснан.

Иако подели негативни критики за филмот, актерот го пофали својот колега Данијел Крејг кој сега го игра тајниот агент 007.

– Тој навистина добро ја одработи работата. Има некој лежерен став и улогата навистина му одговара, рече тој.

Би можело да ве интересира

Почина пејачката Љупка Димитровска

Емир Латифовиќ

Роберт де Ниро е првиот добитник на наградата Почесно срце на Сараево

Емир Латифовиќ

Нора Џонс роди уште еден син, и понатаму останува тајна идентитетот на таткото

Емир Латифовиќ

Џони Деп и Ванеса Паради заедно на Карибите

Емир Латифовиќ

Ештон Качер ќе стане татко по вторпат

Емир Латифовиќ

Усните на Мег Рајан хит на социјалните мрежи

Емир Латифовиќ