Американската пејачка Пинк именувана за амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ со задача дека ги поттикнува децата во САД повеќе да се занимаваат со физички активности.
Пејачката чие вистинско име е Алисија Мур, ќе биде задолжена да собира средства за купување на високо хранлив и богат витамин Ц путер од кикирики, кој ќе биде наменет за гладните деца од целиот свет.
– Задача ми е да ги советувам мајките како да ги хранат своите деца, рече новата амбасадорка на Меѓународниот фонд за деца и младинци, додавајќи дека путерот од кикирики „за само една недела ги враќа малите дела во живот“.
При неодамнештната посета на Хаити во рамките на УНИЦЕФ програмата за помош во храната, Пинк имаше можност од прва рака да се запознае со прегладнетите деца.
– Кога тоа ќе го видите со свои очи и коа ќе видите дека нешто дава резултати, многу е полесно да се застапуа една таква програма и се обидете да ја поттикнете свеста кај другите луѓе, изјави таа.