Пејачката на „Притендерс“ ќе објави мемоари во септември

Од:

Пејачката и модна икона Криси Хајнд работи на „неверојатно искрени“ мемоари, кои ќе бидат објавени на 8 септември, соопшти издавачката куќа „Пингвин Рендам Хаус“.

Пејачката на групата „Притендерс“ во мемоарите се осврнува на нејзиното детство во Охајо, а дава и „интимен портрет“ на панк-рок сцената од 70-те години на минатиот век и на нејзиниот бенд, кој остави хитови како „Brass in Pocket“ и „Talk of the Town“, но кој поради дрогата загуби два члена.

Во соопштението се наведува дека 63-годишната Хајнд се надева оти нејзината книга ќе ги поттикне луѓето „да играат, да се забавуваат, можеби и да заплачат и да ги земат гитарите в раце“.

Би можело да ве интересира

Почина пејачката Љупка Димитровска

Емир Латифовиќ

Роберт де Ниро е првиот добитник на наградата Почесно срце на Сараево

Емир Латифовиќ

Нора Џонс роди уште еден син, и понатаму останува тајна идентитетот на таткото

Емир Латифовиќ

Џони Деп и Ванеса Паради заедно на Карибите

Емир Латифовиќ

Ештон Качер ќе стане татко по вторпат

Емир Латифовиќ

Усните на Мег Рајан хит на социјалните мрежи

Емир Латифовиќ