Палтроу: Ми требаше една година да се извлечам од депресија

Од:

Познатата холивуска актерка со англиска адреса, 40-годишната Гвинет Палтроу, призна дека поради лошото искуство со постпородилната депресија повеќе не размислува за проширување на семејството.

Пред седум години, кога го роди синот Мосес, Гвинет Палтроу се борела со постпородилната депресија и сега заради таа причина повеќе не размислува да има други деца.

– Би сакала да имам уште едно дете, но мислам дека повторно би немала нерви за менување пелени, откри актерката во своето најново интервју, признавајќи дека после раѓањето на првото дета и било многу тешко, и тоа и оставило горчлив вкус во устата.

– Кога мојот син се роди паднав во тешка депресија и ми беше чудно затоа што тоа не се случи после раѓањето на моето постаро дете, после чие раѓање бев многу среќна. Сепак, кога се роди Мосес ми требаше една година да ја надминам депресијата, призна актерката.

Инаку, таа и пред постпородилната депресија имаше психички проблеми. Во 1997 година ја прекина врската со Бред Пит, по што се чувствувала многу лошо, а во 2002 година после смртта на обожаваниот татко „падна“ во клиничка депресија.

Би можело да ве интересира

Почина пејачката Љупка Димитровска

Емир Латифовиќ

Роберт де Ниро е првиот добитник на наградата Почесно срце на Сараево

Емир Латифовиќ

Нора Џонс роди уште еден син, и понатаму останува тајна идентитетот на таткото

Емир Латифовиќ

Џони Деп и Ванеса Паради заедно на Карибите

Емир Латифовиќ

Ештон Качер ќе стане татко по вторпат

Емир Латифовиќ

Усните на Мег Рајан хит на социјалните мрежи

Емир Латифовиќ