Откриена е причината за смртта на Ози Озборн

Од:

Легендарниот рок пејач и фронтмен на „Blek Sabat“, Ози Озборн, почина на 22 јули на 76-годишна возраст, опкружен со своето семејство. Вистинската причина за смртта сега е официјално откриена.

Според официјалниот извештај, причина за смртта била акутен миокарден инфаркт и срцев застој, пишува „Дејли меил“.

Ози, кој во 2019 година откри дека боледува од Паркинсонова болест, беше погребан минатата недела на имотот на неговото семејство, за време на приватна церемонија на која присуствуваа членови на семејството и бројни претставници на рок сцената, вклучувајќи ги Мерилин Менсон и гитаристот на Ози, Зак Вајлд.

Би можело да ве интересира

Почина Ози Озборн

Горан Наумовски