Стотина згради и знаменитости ширум САД и Канада на почеткот на септември ќе бидат осветлени во разни бои во знак на поддршка на истражувањата на ракот.
Нијагарините Водопади, Њујоршката берза и кулата Калгари во Канада се само дел од знаменитостите коишто ќе бидат осветлени во портокалова, црвена, жолта, сива и бела боја на почетокот на идниот месец, кога се одбележуваат 10 години од почетокот на работата на организацијата „Застани против ракот”.
За своите истражувања, Организацијата досега собра над 480 милиони долари.