„Оскарите“ повторно ќе имаат водител

Од:

Вечерта на „Оскар“ наградите на американската Академија за филмски уметности и науки, повторно ќе има домаќин на свеченоста – првпат по 2018 година, објави американската телевизиска мрежа ABC, којашто секоја година го емитува доделувањето.

Овогодишното 94. доделување на Оскарите, кое е закажано за 27 март, се враќа во Холивуд и, традиционално – во театарот „Долби“. Минатата година, поради епидемијата на коронавирус, гала-вечерта се случуваше на големата железничка станица во центарот на Лос Анџелес, и со намален број гости.

Засега не е познато кој ќе биде водител на доделувањето. Во 2017 и 2018 година тоа беше комичарот Џими Кимел, а Кевин Харт ја одби понудата да биде домаќин во 2019, откако на Твитер се појавија негови постари објави на интернет кои беа оценети како хомофобични. Академијата во тоа време не најде замена за Харт, па и наредните изданија на емисијата немаа водител.

Би можело да ве интересира

Шпанката Карла Софија Гаскон е првата трансродова актерка номинирана за Оскар

А1он

Оскари: Мјузиклот на Емилија Перез доби најмногу номинации, па следуваат „Бруталист“ и „Злица“

А1он

Номинациите за Оскар повторно одложени, Академијата објави нов датум

А1он

Пожарите го одложија објавувањето на номинациите за „Оскар“

Славниот актер за Оскарите: Време е да престанеме да се лажеме

А1он

Кумановецот Горан Стојменовиќ еден од добитниците на Оскар

Предраг Петровиќ