Компанијата Фереро го претстави својот стратешки план според кој за производство на кремот Нутела ќе користи само лешници произведени во Италија.
Досега Фереро, освен од матичната земја, со лешници се снабдуваше од Турција, Чиле и Јужна Африка.
Производителот на познатиот крем објави план до 2025 година на 20.000 хектари да подигне нови насади со лешници, што претставува 30 отсто од сегашната површина со лешници во Италија.
Италија има голем потенцијал за производство на лешници. Повеќе од 70.000 хектари земја се користи за лешници, со просечно производство од околу 110.000 тони годишно.