Новиот сингл на македонското трио BDM на светска музичка компилација

Од:

По фестивалското лето, BDM ја завршува сезоната со нов хит

Македонското трио BDM имаше исполнета летна сезона, која „завршува“ со нова музика – момците направија ремикс на песната Blasphemy на Португалците Moulinex & GPU Panic.

Blasphemy се најде на компилацијата DTX Gathering на издавачката куќа Disco Texas која беше промовирана на 13.08 (линк до компилацијата: Various Artists – DTX Gathering (bfan.link)), а на која се наоѓаат и траки од Хinobi, Yamagucci, Diana Oliveira и други.

„Баравме песна за ремикс од Moulinex & GPU Panic и штом ја слушнавме Blasphemy едноставно бевме воодушевени од звукот, мелодијата, гласот и продукцијата и решивме дека тоа е тоа. Веднаш почнавме да работиме на неа, да ја направиме BDM песна, но да остане доследна на сензибилитетот и емоциите на оригиналот. Многу сме горди на тоа како испадна на крајот“, велат момците за ремиксот на Blasphemy.

Претходниот период за BDM беше исполнет со бројни фестивалски настапи, а го имаа и најголемиот радиски и клупски хит во земјава за лето 2024 – нивната верзија на To The Moon and Back од Savage Garden (To The Moon And Back – Single by BDM | Spotify). Вокалот на песната го позајми Александра Иванова.

Оваа верзија беше хит на Antenna 5 радио и во Топ 10 песни изминатите два месеца, а својата премиера ја доживеа на „ГалИцко“ фестивал.
На овој фестивал BDM настапи со материјал од нивниот прв албум, многу нови песни, како и песни што ќе се најдат на нивниот следен проект Synapsis, a кој се очекува да излезе в година.

По ова, следуваше настап на најголемиот македонски фестивал „Д фестивал“ во Дојран, каде што ја делеа сцената со Nouvelle Vague, Joel Correy и Jonas.

До крајот на годината BDM најавуваат нов сингл.

Фото: Даниел Николовски

Би можело да ве интересира

Уште една снимка од Џастин Бибер, неговото однесување ги загрижи фановите

Предраг Петровиќ

Гласини дека Барак и Мишел Обама го делат имотот по нивниот развод по 32 години брак

Предраг Петровиќ

Спасот од Холивуд го најде во шума

Предраг Петровиќ

Џорџ Клуни го нападна и Бајден: „Беше неодговорен“

Предраг Петровиќ

Поранешната хрватска манекенка откако доби сурови коментари за својот изглед: Ме изненадија

Предраг Петровиќ

Бред Пит претера со ботоксот: „Стегнат како холивудски буџет по лош филм“

Предраг Петровиќ