Новата песна на Бијонсе „Ring off“ која минатата недела се појави на интернет, повторно предизвика гласини дека пејачката и нејзиниот сопруг Џеј Зи поминуваат низ брачна криза.
Новата песна на популарната пејачка е за лице кое се обидува да го среди својот живот по прекинатата врска поради неверство.
Пред неколку месеци извори блиски до славната двојка тврдеа дека Бијонсе сака да се разведе од раперот Џеј Зи и оти побарала совет од нејзината пријателка, актерката Гвинет Палтроу, која во март се разведе од Крис Мартин, фронменот на групата Колдплеј.
Бијонсе и Џеј Зи последен пат видени се заедно минатата недела во Њу Орлеанс на венчавката на сестрата на пејачката, Соланж.