Номинациите за Оскар повторно одложени, Академијата објави нов датум

Од:

Номинациите за престижните Оскари повторно се одложени поради пожарите кои со денови беснеат во Лос Анџелес.

Како што соопшти денеска Академијата за филмски уметности и науки, номинациите ќе се одржат на 23 јануари.

„Сите сме ужасни од ударот на пожарот и загубата што ја претрпеа толку многу во нашата заедница“. Академијата отсекогаш била обединувачка сила во филмската индустрија и ние сме посветени да застанеме заедно пред неволјите“, изјавија извршниот директор на Академијата – Бил Крамер и претседателката на Академијата – Џенет Јанг, пишува „Холивуд Репортер“.

Продолжен е и периодот на гласање за номинации – до петок.

Доделувањето на научни и технички награди, кое претходно беше закажано за 18 февруари, ќе се одложи.

97-то доделување на Оскарите ќе се одржи на 2 март во театарот „Долби“.

Најпрвин номинациите требаше да се одржат на 17 јануари, но поради пожарот тие беа преместени на 19, а денеска Академијата одлучи да ги одложи по вторпат и да го одреди 23 јануари како нов датум.

Би можело да ве интересира

Шпанката Карла Софија Гаскон е првата трансродова актерка номинирана за Оскар

А1он

Оскари: Мјузиклот на Емилија Перез доби најмногу номинации, па следуваат „Бруталист“ и „Злица“

А1он

Пожарите го одложија објавувањето на номинациите за „Оскар“

Славниот актер за Оскарите: Време е да престанеме да се лажеме

А1он

Кумановецот Горан Стојменовиќ еден од добитниците на Оскар

Предраг Петровиќ

Познато е кој ќе биде водител на програмата на 96. доделување на Оскарите