Американската филмска академија вечерва по 93. пат ќе ги додели Оскарите. Манифестацијата ќе биде поинаква од сите досегашни.
Доделувањето на холивудските награди беше одложено за два месеци, а ќе се одржи на најголемиот дел на железничката станица во Лос Анџелес, Јунион Стејшн, поради големината и можноста да се одржува физичка дистанца.
Поради коронавирусот, 93. доделување на Оскарите ќе се одвива на повеќе пунктови – доделувањето на почесните награди и музичките награди ќе биде во театарот во Холивуд и новиот музеј на Академијата на филмски уметности и науките, додека Европјаните кои не можат да дојдат во САД, ќе се соберат во центрите во Лондон и Париз.
Филмот „Земја на номади“ за старите Американци кои лутаат на запад во своите комбиња, камп приколки и камионети по глобалната финансиска криза ги освои главните награди на филмските фестивали минатата есен и доминира на овогодинешното продолжување и претежно виртуелната сезона на доделување награди.
Доколку некој филм би можел да им конкурира на „Земја на номади“, тоа би можело да биде „Судењето на чикашката седморка“, кој доби главна награда од здружението на актери
.
Со тоа Нетфликс првпат би ја добил најголемата награда на филмската индустрија, во година кога кината се заменија со интернет стриминзи.
Оскар се доделува за 24 категории, меѓу кои и за најдобар филм, режија, главен актер и актерка, најдобра споредна машка и женска улога, најдобро оргинално сценарио, најдобро адаптирано сценарио, најдобар странски филм, документарен и анимиран филм, како и за најдобра музика и специјални ефекти.