„Next Generation“ конференција – настан за сите футуристи, иноватори и стартапи од Македонија

Од:

Сеавус и Сеавус Инкубатор по вторпат ја организираат конференција посветена на иновации, технологија и стартапи насловена „Next Generation”. Конференцијата ќе се оддржи утре, 10 мај, со почеток од 17 часот, во просторите на Кино Култура.

Целта на конференцијата е да ги презентира современите достигнувања во областа на новите технологии, иновациите, стартапите, а и да ја запознае македонската иноваторска публика со најновите ивестициски текови на фондовите за ризичен капитал.

За првпат во Македонија ќе имаме можност на сцена да ги проследиме говорите на Микела Магеш и Шон Гарднер. Магеш е добитничка на двете најпрестижни награди на ниво на Европската Унија и тоа во 2017 г. е прогласена за „Жена иноватор на годината“, а во 2016 г. е добитник на „Наградата Луминари за креативна иновација“, чии што претходни добитници се професорот Стивен Хокинг и Ричард Брансон. Шон Гарднер е рангиран од престижниот магазин Форбс како највлијателен човек на социјалните медиуми, а во моментот е заменик-претседател на Комуникацискиот борд на Светскиот комуникациски форум, дел од Светскиот економски форум во Давос.

Во рамки на конференцијата ќе се одржат две панел дискуси во областа на напредните технологии и инвестициските финансии.

На финансискиот панел ќе се најде Коча Бошку, извршен директор на Сеавус кој ќе говори за корпоративните инвестиции, Мајкл Голд, извршен директор на Кримсон Капитал, кој ќе ги презентира новостите во светот на финансирање на долг, Јасмина Поповска од државниот Фонд за иновации и технолошки развој, Јан Коблер, извршен директор на South Venture Capital.

На панелот за технологија говорници ќе бидат проф. Марјан Гушев, кој стои позади успешниот стартап за превенција од срцеви удари ECGalert, а во 2016 г. ја добива наградата најдобар професор на УКИМ, Благој Ќупев, претседател на лабораторијата за вгнездени системи на Сеавус која поседува најнапредната технологија во регионов, Костандина Зафировска, извршен директор на BtoBet, иновативен стартап кој преку зголемена реалност и вештачка интелигенција воведе новитети во индустријата на онлајн обложување, и Тони Бачваровски, основач на македонскиот стартап Гордиан Системи.

Би можело да ве интересира

Осум стартапи од Сеавус Акцелераторорт успешно ја завршија регионалната Tech Boost програма

Отворен повик за млади креативци до 27 години: Награда за најдобра идеја за Надминување на последиците од ковид пандемијата

Сеавус се проширува на европскиот пазар, ја отвори првата канцеларија во Полска

Официјално почна глобалната програма Accelerate2030 во нашата земја

Сеавус едукативниот и развоен центар ќе спроведе промотивна кампања креирана од студентите

Натпревар на идеи во Seavus едукативниот и развоен центар