Познатиот актер Џони Деп целосно е непрепознатлив во филмот „Black Mass“.
Дури и најверните обожавателки не можат да го препознаат славниот актер кој поради улогата во филмот „Black Mass“ драстично го смени својот изглед.
Филмот е снимен по вистинска приказна, а Деп глуми ирски гангстер Џејмс Балџер, кој прво се договори со ФБИ, да им помогне во уништување на италијанската мафија, а потоа ја искористи ситуацијата да стане главен бос во Бостон.