Натали Портман за „Тор: Љубов и молња“ – прекрасно е да станеш голема како жена

Од:

Натали Портман смета дека е прекрасно чувството кога една жена станува поголема како што тоа се случува со неа во новиот суперхеројски блокбастер „Тор: Љубов и Молња“ (Thor: Love and Thunder).

41-годишната актерка се врати во серијалот на „Марвел“ за да ја репризира улогата на Џејн Фостер/Мајти Тор. Таа откри дека ѝ причинувало задоволство што требало да оди во сала за вежбање пред снимањето.

„Прилично е необично и прекрасно да имаш задача да станеш поголема како жена,“ вели таа.

„Обично, повеќето од телесните трансформации што се бара да ги направиме е да бидеме помали, и постои емоционална и социолошка поврзаност со тоа“.

Натали – која има две деца Алеп (11) и Амалија (5) со сопругот Бенџамин Милипед – откри дека тајмингот на снимање на филмот е посебно значаен бидејќи тогаш го прославила својот јубилеен 40. роденден.

„Наполнив 40 години додека го снимав филмот и беше неверојатен момент во мојот живот да кажам: ќе бидеш најсилната, најсилната верзија од себе.“

Но, Натали мораше да се потпре на CGI (компјутерски генерирани слики) за да ја трансформира својата рамка од 1.6 м во огромна фигура.

Во интервју за магазинот „Сандеј тајмс стајл“ таа рече: „Радоста на КГ-филмовите е што некој може да смисли како од една мала жена да направи огромен лик“.

Би можело да ве интересира

Натали Портман против законот што го дефинира Израел како „еврејска национална држава“

Наум Локоски

Натали Портман родила девојче

Наум Локоски