Бруклин Бекам (16), е во љубовна врска со младата актерка Клои Грејс Морец, најпозната по улогата во филмот „Кери“.
Бруклин веќе извесно време вежба со својот татко во теретана бидејќи сака да започне актерска кариера, а сигурно е дека добива совети и од својата нова девојка.
Иако има само 17 години, Клои учествувала во повеќе од 50 филмски и сериски проекти и важи за една од најперспективните млади актерки во Холивуд.