Бројни ѕвезди понекогаш претеруваат со пластични операции и своето тело по многубројните естетски зафати го доведат до состојба на непрепознавање. Но постојат и операции, кои што им помагаат на ѕвездите во нагласување на нивната природна убавина.
Лејди Гага
Иако често изјавуваше дека никогаш нема да замине „под нож“, Лејди Гага сепак работеше на своето лице и малку го намали носот, за да изгледа токму како што таа сака. Промената може да се види и со споредбена фотографија.
Џенифер Анистон
Џенифер Анистон го оперираше својот нос уште во деведесетите, но бидејќи не беше задоволна од изгледот, уште еднаш ја повтори операцијата. Покрај тоа изјави и дека е опседната со ласерска терапија, бидејќи на кожата има бројни дамки од силното сонце.
Камерон Диаз
Иако својот нос не го промени од естетски причини, туку поради повреда со која што се стекна на снимање на филм, Диаз сепак се најде во категорија на најдобри холивудски пластични операции. Актерката го призна и ботоксот, но наведе дека не и се допаднал и дека нема да го повтори повеќе.
Џенифер Лопез
Иако познатата пејачка негира какви било пластични операции, фотографиите од минатото го докажуваат спротивното. Таа го намалила носот, но имала и операција на брадата.
Кејт Хадсон
Популарната актерка е доказ дека пластичните операции може да бидат речиси незабележителни. Таа во 2009 година малку ги зголеми градите, но се држеше до величина која што одговара на нејзината градба на телото.
Блејк Лајвли
Модната икона и познатата „Трачарка“ Блејк Лајвли со помош на операција на носот стана вистинска дива.
Е. Г.