Безживотното тело на млад маж е најдено во базенот во домот на познатата холивудска актерка Деми Мур, јави порталот TMZ.
Според изворот на порталот од правосудните органи, станува збор 21-годишно момче кое не знаело да плива и според сé судејќи, се лизнал во базенот и потонал.
Се претпоставува дека во отсуство на актерката, нејзиниот агент приредил забава, на која бил поканет и починатиот чиј идентитет засега не е објавен.
Според некои информации, портпаролот на Деми Мур и другите присутни на забавата, поради некоја причина заминале од крај базенот оставајќи го момчето само, а кога се вратиле го нашле на дното од базенот.
Од полицијата изјавиле дека ги истражуваат околностите во кои се случила несреќата, и оти засега не излегуваат со официјални информации.