На снимањето беснееше: Бали-бег прогласен за виновен, за малку ќе завршеше во затвор

Од:

Еден од најпопуларните турски актери, Бурак Озчивит, популарниот Бали-бег, беше прогласен за виновен за навреда на екипата на снимањето на серијата.

Обвинителството при поднесување на обвинителниот акт побара затворска казна од четири години и еден месец. Но, тоа не се случи, а според адвокатите на жртвите, 150 лица сведочеле за навредите кои Бурак ги упатувал кон своите клиенти.

Сепак, судот го прогласи актерот за виновен и донесе решение за условна казна од 3.000 лири, односно 30 лири во следните сто дена. Со оглед на тоа што ова му е прв прекршок, судот одлучи казната да биде условна, односно Озчивит да не мора да ја плати казната доколку нема други прекршоци.

Како причина за ваквата одлука се наведуваат некои олеснителни околности за актерот. Како што се испостави, неговото незадоволство од работата на екипата за време на снимањето на серијата беше оправдано. Дел од екипата, односно вработените кои биле предмет на навреди на Бурак, ги занемарувале своите обврски, се однесувале дрско и непрофесионално, не го обезбедувале соодветно коњот на Бурак за време на снимањето, поради што актерот за малку ќе паднал од него во полн галоп.

Кога земаа се во предвид, судиите го осудија Бурак за некоректниот речник што го користеше во состојба на лутина, но се вели дека е разбирливо. Поради оваа причина Бурак се извлече само со условна парична казна од случајот во кој обвинителството бараше повеќегодишна затворска казна.

Би можело да ве интересира

Турската телевизиска серија “Балканска приказна” што се снима во Скопје од утре на екраните на ТРТ 1

Предраг Петровиќ