На доделувањето на Оскарите нема да бидат потребни ковид пропусници

Од:

Нема да бидат потребни докази за вакцинација против коронавирус за да се присуствува на овогодинешните Оскари.

Според британски Гардијан, Американската академија за филмски уметности и науки нема да бара пропусница за Ковид за присуство на церемонијата што ќе се одржи на 27 март.

Наместо тоа, од гостите ќе се бара негативен ПЦР тест или негативен брз антигенски тест, објави Холивуд Репортер.

Според извештајот, се очекува учесниците да бидат вакцинирани, а оние кои не го направиле тоа ќе мора да се придржуваат до построги правила за тестирање за да присуствуваат на настанот.

Церемонијата на доделувањето на Оскарите повторно ќе има домаќин, за прв пат од 2018 година, а настанот, како што е традиција, ќе се одржи во театарот Долби.

Би можело да ве интересира

Шпанката Карла Софија Гаскон е првата трансродова актерка номинирана за Оскар

А1он

Оскари: Мјузиклот на Емилија Перез доби најмногу номинации, па следуваат „Бруталист“ и „Злица“

А1он

Номинациите за Оскар повторно одложени, Академијата објави нов датум

А1он

Пожарите го одложија објавувањето на номинациите за „Оскар“

Славниот актер за Оскарите: Време е да престанеме да се лажеме

А1он

Кумановецот Горан Стојменовиќ еден од добитниците на Оскар

Предраг Петровиќ