На аукција ќе се продаваат клавирот и микрофонот на Фреди Меркјури – може да достигнат цена и над 500.000 евра

Од:

Клавирот и микрофонот што ги користеше Фреди Меркјури, како и раните верзии на неговите песни, би можеле да достигнат цена од стотици илјади евра на аукцијата во октомври. Предметите се дел од колекцијата на германскиот продуцент Рајнхолд Мек, кој често соработувал со групата „Квин“, и неговиот син Фреди Џуниор.

Меѓу највредните предмети е концертниот клавир „Yamaha C3“ од студиото „Musicland“ во Минхен, на кој Меркјури компонирал соло-материјал и некои од најголемите хитови на „Квин“, вклучувајќи ја и „Crazy Little Thing Called Love“.

Вредноста на клавирот се проценува на сума меѓу 230.000 и 460.000 евра.

На аукцијата ќе се најде и микрофонот „AKG C414 EB“, користен за снимање на главните и придружните вокали на Меркјури.

Неговата вредност се проценува на меѓу 47.000 и 90.000 евра.

Колекцијата ги вклучува и рачно напишаните работни верзии на текстовите за песните „My Love Is Dangerous“ и „Let’s Turn It On“ од неговиот деби-соло албум „Mr. Bad Guy“ од 1985 година.

Аукцијата ќе се одржи на 1 и 2 октомври.

Би можело да ве интересира

Фреди Меркјури има дете: Откриено во новата биографија

Предраг Петровиќ