Фреди Меркјури има дете: Откриено во новата биографија

Од:

Легендата на групата „Квин“, Фреди Меркјури, добил ќерка од тајната афера во 1976 година со сопругата на близок пријател.

Досега, нејзиното постоење го знаеја само неговите родители, сестрата, членовите на бендот и долгогодишната партнерка Мери Остин.

За прв пат, таа одлучи да проговори во новата биографија на „Љубов, Фреди“, од авторката Лесли-Ан Џонс. Сепак, во книгата тој е споменат само со неговите иницијала – Б.

Пред да почине од пневмонија предизвикана од СИДА во 1991 година, Фреди ѝ оставил на ќерка си дури 17 тома лични дневници. Таа ги чувала во тајност со години, но неодамна ѝ ги дала на авторката како основа за книга што ќе биде објавена на крајот од годината.

Денес таа живее во Европа, работи како медицински професионалец и има свое семејство – што го прави Фреди постхумно дедо.

„Фреди Меркјури беше и останува мој татко. Имавме многу блиска и полна со љубов врска од моментот кога се родив, па сè до последните 15 години од неговиот живот. Тој ме обожаваше и ми беше целосно посветен. Околностите на моето раѓање може да изгледаат необични, дури и шокантни, но тоа никогаш не ја намали неговата посветеност и љубов. Ме чуваше како највредно богатство.“

Фреди и Мери никогаш немале деца, иако останале многу блиски до самиот крај на неговиот живот. Мери подоцна родила два сина со друг партнер и се верува дека знаела за постоењето на неговата тајна ќерка.

Книгата „Со љубов, Фреди“ е најавена како најголемото откритие во светот на шоу-бизнисот во последните неколку децении, објавува „Дејли меил“.

Би можело да ве интересира

Кога антибиотикот повеќе не делува: Зошто антимикробната резистенција е проблем за сите нас?

Њујорк тајмс ги избра 100-те најдобри серии на 21 век: „Breaking Bad“ на прво место

Предраг Петровиќ

Хрватските бранители бараат забрана за Бајага, Илиќ и Брена

Предраг Петровиќ

Никол Кидман ги тргна периките и ја покажа природната коса – многумина изненадени

Предраг Петровиќ

Од стриминг до онлајн игри: како се менува дигиталната забава во Македонија

Синот на Синди Крафорд пред смртта објави снимка од лекувањето

Предраг Петровиќ