Средовечниот маж е пронајден мртов пред два дена околу пладне во станот на австралиската актерка Оливија Њутн Џон (64), во Џупитер (Флорида).
Причината за смртта на 42-годишниот маж ќе биде објавена по аутопсијата во вторник наутро, но полицијата соопштила дека жртвата не е погодена од огнено оружје.
Ѕвездата на култниот мјузикл „Брилјантин“ и нејзиниот сопруг Џон Истерлинг не биле во станот во моментот на смртта на жртвата, која не е во никаква врска со станарите ниту живее во нивната куќа.
Според зборовите на портпаролот на полицијата Скот Паскареле, станува збор за работник кој го ангажирале сопствениците на куќата.
Ова не е прв трагичен инцидент со кој во 2013. година се соочила со четирикратната добитничка на „Греми“. Нејзината постара сестра, Рона Њутн Џон, почина во мај од тумор на мозокот.
– Секогаш ќе ми недостасува мојата убава, паметна, талентирана, духовита сестра Рона – напишала актерката на Фејсбук по смртта на сестра и.