Моника Белучи се разведува после 14 години брак

Од:

Како што пишува Vanity Fair, 48-годишната Моника Белучи се разведува од францускиот актер Винсент Касел со кого беше во брак 14 години. Моника и две години помладиот Винсент се венчале во 1999. година, а имаат и две ќерки, Дева и Леони. Тие се запознале во 1996. година и снимиле дури девет заеднички филмови.

– Винсент и јас живееме потполно самостоен живот. Ние сме два различни света, не сме заедно цело време, неговите пријатели се негови, моите се различни. Тоа е нашата тајна – рекла за својот сопруг Моника Белучи во интервјуто за шпанскиот „Vanity Fair“ во февруари 2013. година.

Винсент пак во 2012. година во интервјуто за „Io Donna“ рекол: „Моника и моите ќерки ме прават секој ден подобар човек“.

Имено, Моника во моментов престојува во Србија, каде го снима филмот „Na mliječnom putu“, на режисерот Емир Кустурица.

Би можело да ве интересира

Почина пејачката Љупка Димитровска

Емир Латифовиќ

Роберт де Ниро е првиот добитник на наградата Почесно срце на Сараево

Емир Латифовиќ

Нора Џонс роди уште еден син, и понатаму останува тајна идентитетот на таткото

Емир Латифовиќ

Џони Деп и Ванеса Паради заедно на Карибите

Емир Латифовиќ

Ештон Качер ќе стане татко по вторпат

Емир Латифовиќ

Усните на Мег Рајан хит на социјалните мрежи

Емир Латифовиќ