Мис Џорџија Бети Кантрел е новата Мис Америка.
Таа победи во конкуренција на 51 кандидатка во спектакуларно шоу во Атлантик Сити, Њу Џерси, емитувано во живо на телевизија. Кантрел импресионираше со оперското пеење при уметничко претставување на учесничките.
Овогодинешното издание на натпреварот беше одбележано со враќањето на Мис Америка 1984. Ванеса Вилијамс. Таа се појави првпат на овогодинешниот шоу, откако беше принудена да ја врати круната по скандалот со нејзина гола слика.
Главниот извршен директор на конкурсот Сем Хаскел и се извини на Вилијамс.