Мирко Херцлер од Германија во Скопје ја запросил девојката, бидејќи смета дека Македонија е поромантична од неговата Германија, објави Дневник.
Откако два пати службено ја посетил земјава, Херцлер решил третиот пат да дојде со својата девојка Каролин Редлин и во центарот на Скопје да ја побара за жена.
– Сакам мојата врска со Kаролин да биде силна, цврста, топла како што е Македонија и како луѓето овде, сакам сета поврзувачка енергија што зрачи од вас да биде темел на моето идно семејство со Kаролин, видно возбуден, со растреперен глас, од кој зрачат впечатоци и љубов, раскажува Мирко за „Дневник“.