Познатата актерска двојка Мила Кунис и Ештон Качер наводно се свршиле, а странските медиуми тоа го заклучиле откако фотографите ја снимиле Мила со златен прстен на прстот на кој обично се носи свршеничкиот прстен.
Двојката оваа информација не ја потврдила, но извор близок на актерот вели дека Качер размислувал да ја запроси Мила околу нејзиниот роденден во октомври.
– Сигурен е дека тоа што тие двајца го имаат е неверојатно и посебно. Ештон веќе долго време размислува да ја запроси – открил изворот.
Двојката не може да се венча, бидејќи Ештон се уште не го завршил разводот со Деми Мур.