По смртта на популарната комичарка, Џоан Риверс, најголемиот дел од наследството го доби нејзината ќерка Мелиса која со мајка и била во многу добри односи.
Џоан и Мелиса заедно учестуваа во шоуто на Трамп „Celebrity Apprentice“, работеа на емисијата „Fashion Police“, а приватно многу време поминуваа заедно.
Ќерката на славната Џоан наследи 75 милиони долари во готовина, стан во Њујорк вреден дури 35 милиони долари, објави „Ју-Ес Викли“.
Во луксузниот стан, Мелиса привремено се пресели веднаш по смртта на мајка и, затоа што таму ја чувствува нејзината близина, а со неа се досели и нејзиниот 13-годише син Копер за кого баба му исто така добро се погрижи по пат на тестамент.
Станот од 5.200 квадрати е опремен со луксузен мебел и детали од злато, има четири спални соби и пет бањи. За дизајнот бил задолжен Хорас Трумбауер, кој се погрижи за луксузен комодитет во француски стил.