Меѓународен натпревар во креирање дигитални видео игри

Од:

На Универзитетот „Свети Апостол Павле“ во Охрид се одржува тридневен натпревар во креирање дигитални видео игри, дел од светскиот годишен натпревар на креатори на дигитални видео игри што оваа година симултано ќе се одржува на 518 локации во 78 земји под името „Глобал Гаме Јам“.

Во Македонија, покрај во Охрид натпреварот, што почна вчера во амфитеатарот на Универзитетот „Св. Апостол Павле“, ќе се одржува  и во Битола и во Скопје.

Настанот во Охрид е организиран како волонтерски потфат од страна на студентите на Универзитетот „Св. Апостол Павле“, а ќе се натпреваруваат 40-тина учесници. Најдобрите тројца натпреварувачи ќе бидат поканети да учествуваат во следната натпреварувачка фаза, каде што ќе се натпреваруваат победниците на националните натпревари од европските држави.

Би можело да ве интересира

„Global Game Jam“ од 25-27 јануари во Македонија

Ана Ололовска

Скопје домаќин на 5. „Global Game Jam Macedonia 2018“

Ана Ололовска

Петти маратон за создавање игри – Global Game Jam Македонија

Ана Ололовска

Меѓународен натпревар во креирање дигитални видео игри

Ана Ололовска

Global Game Jam од 29 до 31 јануари во Скопје, Битола и Охрид

Ана Ололовска