Меган Фокс неодамна се појави на црвениот тепих во Лас Вегас со трудничкко стомаче, што предизвика бурни реакции кај фановите за тоа кој е таткото на детето.
Имено, познато е дека Меган лани поднесе документи за развод од 42-годишниот сопруг Брајан Остин Грин, кој се прослави со улогата на Дејвид Силвер во серијата „Беверли Хилс“, по пет години брак.
Двојката беше заедно од 2014 година и имаат две деца, тригодишниот син Ноа и двегодишната ќерка Бодија.
Но, сега приказната доби продолжение, бидејќи познатата двојка разводот го стави „на чекање“, бидејќи Брајан е таткото и на третото дете на Меган.
– Бебето не беше во план, но сега кога се случи бременоста и двајцата се многу среќни, откри непознат извор.