Никогаш не е доцна, тоа е пораката која Марк Валберг сака да им ја пренесе на помладите генерации. Актерот, цела година земал часови, за да може преку онлајн курсеви конечно да го заврши своето средно училиште.
Валберг во интервју за „Хафингон Пост“ открил дека посебно се израдувал на почетокот на годината кога открил дека може да го заврши средното училиште.
– Читав секаде, на сет, на пат од работа до дома, секогаш кога имав време. Никогаш не се откажувајте. Верувајте во себе и не правите мали планови – изјавил Валберг, кој се надева дека неговиот труд ќе ги инспирира сите кои сакаат да се откажат од образованието, да не го прават тоа.