Американската поп пејачка Мараја Кери платила 145.000 евра за одмор на своите осум кучиња во Велика Британија.
Понекогаш љубовта кон домашните милиничиња оди до бескрај, а најдобар пример за тоа е пејачката Мараја Кери која платила 126.000 евра само за превоз на своите осум кучиња во приватен авион.
Покрај тоа пејачката платила и 18.000 евра за престој во хотел за кучиња во Бристол, во кој дневен престој чини 75 евра, но пејачката платила за дополнителна грижа.
Во луксузниот хотел кучињата редовно ќе ги бањаат, четкаат, носат на прошетка и секое куче ќе спие во посебен кревет.
Готвачите ќе треба да спремаат посебен оброк за секое куче, затоа што Мараја кажала дека нејзините кучиња не јадат што било.
Медиумите пишуваат дека Мараја годишно троши по 20.000 евра само за средување на крзното на нејзините кучиња.