Музичката дива Мараја Кери не се одвојува од своето ново момче, милијардерот Џејмс Пакер. кој откако неодамна ја почести со луксузно крстарење, сега ја израдува со нов скапоцен подарок.
Пакер и подари на Мараја 18-каратен дијамантски ѓердан, вреден половина милион долари.
Пејачката се пофали со подарокот на Инстаграм, а нејзината насмевка доволно зборува колку таа е среќна. Таа за возврат му ја посветила својата песна „Херој“ на настапот во Лас Вегас.