Џенифер Лопез е во своевиден шок откако откри дека луд обожавател поминал незабележан дури 6 дена на еден од нејзините имоти.
Џон Дубис (49) кој има забрана за доближување до Лопез некако успеал да влезе во куќата на Џеј Ло, па дури и да објави бизарни фотографии од своето дело.
Според полициски извори, пензионираниот пожарникар спиел покрај базенот на имотот во Хемптон и го паркирал својот автомобил пред самата куќа. На една од објавените фотографии, Дубис гризе бонбониера под која стои постот „Џени секогаш ми испраќа љубов“.