Преслатката ќерка на принцот Вилијам и војвотката Кејт Миделтом, иако има само девет месеци, веќе остави личен отпечаток во светот на убавината.
Имено, дизајнерот Марк Џејкобс пласира нов кармин за усни, во рамки на колекцијата „Ле Марк“, кој го именува „Шарлот“.
Карминот е со дискретна розева боја, која Кетрин Гор од куќата „Марк Џејкобс“ ја опишува како „длабока розева нијанса на англиска роза“.
Овој кармин може да се купи ексклузивно во „Херодс“, а зачудувачки се уште не е распродаден.
Изгледа малата Шарлот се уште не е популарна како нејзиниот постар брат Џорџ и нивната мајка Кејт, кои се подвижни реклами за брендовите кои ги носат, а се она во што ќе се појават во јавноста, се распродава за неколку часа.