Мадона не ја симна насмевката од лицето за време на посетата на римскиот фитнес центар од нејзиниот ланец „Хард кенди“.
Пејачката, гордо ги покажуваше златните навлаки за заби кои неодамна ги вгради.
Металните навлаки за заби се чест моден детал меѓу раперите, но 55-годишната Мадона сакаше да покаже дека е подеднакво опасна, па вгради отворени златни навлаки меѓу кои се гледаат нејзините заби.
Кралицата на попот, минатата недела, го прослави својот роденден во голем стил и тоа во друштво на нејзиното момче Брахим Заибат, кој од неа е помлад 28 година.