Мадона има благороднички корени: Во далечно сродство е со британското кралско семејство

Од:

Иако Мадона (67) со децении е една од најголемите музички ѕвезди во светот, помалку е познато дека е во далечно сродство со британската кралица Камила.

Оваа интересна поврзаност повторно привлече внимание откако информацијата почна да се споделува на социјалните мрежи.

Расправата започнала со објава на корисник на Reddit, кој изразил изненадување поради наводната семејна поврзаност меѓу познати личности и британското кралско семејство.

„Денес дознав дека Мадона и Селин Дион се далечни роднини на Камила Паркер Боулс, односно кралицата Камила, сопруга на кралот Чарлс“, напиша тој.

Објавата предизвика бројни реакции. Дел од корисниците коментираа дека не е невообичаено меѓу познатите личности да се пронајдат далечни семејни врски со благороднички семејства.

„Интересно е колку познати луѓе на некој начин се поврзани со благородништвото“, напишал еден корисник.

Друг се пошегувал со кратката фаза кога Мадона зборуваше со британски акцент во почетокот на 2010-тите.

„Значи, оттаму одеднаш ѝ се појавил британскиот акцент“, напиша тој.

Има и корисници кои ја доведоа во прашање важноста на ваквите роднински врски.

„Ако ја гледаме ДНК, сите сме едни на други далечни роднини“, гласи еден од коментарите.

Според списанието Woman & Home, Мадона и Селин Дион се поврзани со кралицата Камила преку ист француско-канадски брачен пар кој живеел во 17 век.

„Генеалошките истражувања ја поврзуваат кралицата Камила со две поп-ѕвезди. И Мадона и Селин Дион се потомци на ист француско-канадски пар кој живеел во 17 век“, наведува списанието.

Според истите генеалошки истражувања, и актерката Анџелина Џоли има иста далечна семејна врска со британската кралица Камила.

Би можело да ве интересира

ХАОС ВО АВИОН: Познатата актерка ја гризела стјуардесата и се обидела да ја отвори вратата среде лет

(ВИДЕО) Селин Дион падна на сцената пред илјадници луѓе: Нејзината реакција стана хит на мрежите

Македонски тим на олимпијадата по роботика во Јужна Кореја

НАСА објави неверојатна снимка од Марс: Сончевите зраци ги осветлија карпестите врвови

Предраг Петровиќ

На планета надвор од Сончевиот систем првпат забележан радио-сигнал: Што открија астрономите?

Ким Кардашијан откри зошто „бегала“ од љубовта пред врската со Луис Хамилтон: „Не бев подготвена“