Оваа диета има реноме на најпопуларна меѓу модните блогери, а корисниците на Инстаграм ја нарекуваат Патот на Банана островот, фотографирајќи се со многу банани, со резултати пред и потоа.
Необичната диета која прво се појавила во Азија пред неколку години, повторно се врати. Во однос на минатиот месец, на Јаху дури 31 отсто повеќе корисници го бараат одговорот на прашањето на „Колку калории има бананата“.
Сепак, експертите предупредуваат дека оваа, како една од многуте моно диети (кои вклучуваат конзумирање само на една намирница) е се, само не здрава. Додаваат дека дури и не звучи ветувачки кога се работи за губење на килограми, бидејќи бананата содржи околу 3.000 калории, многу повеќе од дневна потреба на една просечна жена.
– Планот е рестриктивен, а му недостасува нутритиенти кои се потребни на еден здрав човек, а развива нездрав однос кон храната, општо – вели нутриционистот Кери Гласман.
Таа додава дека конзумирањето на еден вид на храна доведува до тоа таа намирница брзо да ви се згади, па на крај да завршите конзумирајќи помалку калории од што се потребни на вашето тело, или пак со прејадување на некој друг вид на храна, што секако не е рецепт за долгорочни здрави резултати.