Крај на еден од најпознатите американски парови. Американските медиуми пренесуваат дека врската на Тајгер Вудс со скијачката Линдзи Вон е на стаклени нозе.
Причина за тоа според американските медиуми, е што Вон била видена како се бакнува со друг маж зад сцената на концертот на Џастин Тимберлејк и Џеј Зи во Мајами.
– Таа се фрли во неговите раце и тие бакнуваа неколку минути. Тој беше висок, згоден човек во средината на 40-тите години – рече извор за радиоонлајн.цом.
Во март, Вудс објави на Фејсбук дека тој и Вон се во врска. Инаку голферскиот ас претходно беше оженет за моделот Елин Нордегрен. Тие се разведоа во 2010 година, откако Вудс призна дека ја изневерил со повеќе од 10 жени.