Ли: Марлон Брандо имаше секс со мојот сопруг

Од:

Марлон Брандо беше олицетворение на машкост и симбол на заводливост во минатиот век. Жените лудуваа по него, а според изјавите на луѓе кои го знаеле тој спиел и со машки.

Популарниот актер сакал се, раскажува сопругата на маж со кој Брандо спиел. Џенифер Ли, вдовица на американскиот комичар Ричард Прајор открива дека Брандо имал секс со него. И не само со него, туку и со пистателот Џејмс Болдвин како и со пејачот Марвин Геј.

Таа открива дека заедно уживале во наркотици за време на седумдесетите години од минатиот век.

– Доколку земете доволно кокаин, ќе имате секс и со радијатор и следното утре ќе му испратите цвеќе. Брандо беше спремен да има секс со се, па дури и со поштенско сандаче, раскажува Џенифер.

Нејзиниот сопруг пишувал за различни сексуални лудории во својот дневник, каде што не криел што се правел, а тоа дело ќе излезе во јанвност кон крајот на оваа година.

Би можело да ве интересира

Кинотеката ќе прикаже три филма со Марлон Брандо по повод еден век од неговото раѓање