Лепа Брена позираше за насловната на Vogue Adria во вилата на Тито

Од:

Лепа Брена позираше за новиот број на магазинот Vogue Adria во титовата вила Галеб, а меѓу другото носеше бунда од 11.000 евра.

Станува збор за креација на луксузниот бренд Alaia, кој е направен од вештачко крзно. Таа се фотографираше потпрена на автомобилот, а нејзините нозе беа во преден план.

Како што наведува Vogue Adria, ѕвездата на нивното ноемвриско издание е токму Брена бидејќи таа претставува вистински феномен и олицетворение на југословенскиот идентитет на поп културата.

Пејачката во интервјуто меѓу другото зборуваше и за својата слава и како успеала да остане доследна на себе.

„Ослободена сум затоа што повеќе не морам да се докажувам. Можам само да творам без никаков притисок. Важно е да го сакам тоа што го работам и публиката да ме сака“, изјави таа.

Таа раскажа и како Нови Сад ја спасил во текот на осумдесеттите и деведесеттите.

“Кога ќе завршевме со настап или концерт, сите од мојот бенд одеа кај некого. Јас немав никој, бев сосема сама. За мене тој град беше мојата оаза на мирот. После два концерта дневно ми требаше едноставност, ми требаше ресетирање од Лепа Брена, а тоа го најдов во Нови Сад“, рече таа.

Рече и дека на помладата верзија од себе ќе и кажела дека животот е фантастичен, но дека сè има своја цена.

„Потребна беше многу сила и мудрост за да останам ничија. Можеби тоа е мојот најголем успех – што и покрај се останав своја“, рече таа.

Би можело да ве интересира

Русинка шокира со својот изглед: „Мажите не можат да се носат со мојата големина“

Предраг Петровиќ

Принцот Вилијам седум години не сакал да се омажи за Кејт Мидлтон

Предраг Петровиќ

Крипто-претприемачот ја изеде бананата- „уметничкото дело“ за кое плати 6,2 милиони евра

Предраг Петровиќ

Шер реши да се повлече од сцената: Сакам да имам пак 60 години, секаде сум најстара

ВИДЕО: Последната снимка од настраданиот пејач е направена шест минути пред несреќата

Предраг Петровиќ

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ