ознатата американска пејачка Лејди Гага конечно на своите фанови им откри како ќе изгледа омотот на нејзиниот нов музички албум.
Омотот за албумот „Артпоп“, кој на пазарот би требало да се појави на 8 ноември, го изработил славниот сликар и уметник Џеф Конс, а Гага на него се појавува гола, седејќи зад сина топка и држејќи се со рацете за градитe.
Таа на Твитер на своите обожаватели им порача: „Ова е омотот за ’Артпоп’. Една секунда сум Џеф Конс, а потоа одеднаш Џеф Конс е јас! Аплауз за Џеф Конс“.