„Cheek to cheek“ е името на новиот заеднички џез албум на американската поп-ѕвезда Лејди Гага и легендарниот пејач Тони Бенет.
Албумот ќе се појави на пазарот на 23 септември, изјавија за американските медиуми Гага и Бенет. Исто така објавија и видео за нивната верзија на песната „Anything Goes“, првиот сингл од новиот албум.
Лејди Гага и Тони Бенет во јуни го снимаа џез албумот.
На албумот ќе бидат застапени џез класици како „Sophisticated lady“, „It don’t mean a thing“ и секако „Cheek to cheek“, песната на Фред Естер и Џинџер Роџерс по која е насловен албумот.
– Нема трикови, чист џез, напиша Гага на својот Твитер профил, промовирајќи го албумот.
Ова не е првпат Тони и Гага да соработуваат. Во 2011 направија заедничка обработка на песната „The lady is a tramp“.