Леонард Нимој (83), познат како Мр. Спок во „Ѕвездени патеки“, итно е пренесен во болничкиот центар УЦЛА, заради сериозните проблеми. Тој се жалел на силни болки во градите и домашните повикале итна помош.
Актерот најпознат по улогата Мр. Спок во „Ѕвездени патеки“ со години се бори со тешката болест на белите дробови. Иако пред 30 години престана да пуши, зависноста оставила трага на неговиот организам. Боледува од хронична опструктивна белодробна болест.
– Престанав со пушење, но предоцна. Напревете нешто за вашето здравје, престанете да пушите веднаш за да имате што подолг и поквалитетен живот, објави минатата година Нимој на социјалните мрежи.
Леонард заради болеста не може никаде да оди без боца со кислород. Одењето во болница не го обесхраби. И понатаму е активен на социјалните мрежи каде објавува поезија која ја пишува сам. Освен тешката болест на градите, Нимој има проблеми и со констатниот шум во ушите. Верува дека е причината за та состојба е вревата на сетот на „Ѕвездени патеки“.