Некогашната филмска ѕвезда,Лајза Минели,добитник на наградата Оскар за филмот „Кабаре“ и позната амерканска пејачка,одново е на рехабилитација за одвикнување од нејзината зависност кон алкохолот,дрогата и постојаното земање лекови против болки.
Во соопштение за американските медиуми, таа самата признава дека има постигнато значителен напредок во лечењето и во настојувањето да се одвикне од својата зависност.
Не е прв пат,Минели (69) да оди на рехабилитација и на специјални третмани и на лекување,во разни американски специјализирани установи.Нејзината зависност кон алкохолот и „голтањето разни лекови„ предизвика нарушување на здравјето,па таа изминатите години почесто беше на лекување,отколку на сцената.
Во септември минатата година,врз неа беше извршена хирушка интервенција на грбот,како полседица од една поранешна повреда,што предизвика да се откаже од бројните планирани сценски настапи.
Минели,овојпат, не открива каде се лекува од своите зависности,но нејзниот претставник за медиуми објаснува дека таа води „долга борба„ со оваа свој проблем и дека е „мошне дисциплинирана„ во лекувањето и во решеноста да се откаже од алкохолот,дрогата и лекарствата.
Лајза Минели е ќерка на холивудската легенда Џуди Гарланд,која и самата имаше проблеми со дригата и алкохолот.Нејзин татко е познатиот американски режисер од италијанско потекло Винсент Минели.
Таа во 1972 година ја доби наградата Оскар за улогата на Сали Боулс,во екранизираната верзија на мјузиклот „Кабаре„.Добитничка е и на најпрестижните американски музички и сценски награди-Греми,Еми и Тони,за сценската улога во „Кабаре“.