Американскиот режисер и сценарист Квентин Тарантино доби своја ѕвезда на познатата Алеја на славните во Холивуд.
Оскаровецот ја доби ѕвездата само неколку дена пред премиерата на неговиот најнов филм „The Hateful Eight“.
– Изгледа дека станав крупна ѕверка. Среќен сум што добив моја ѕвезда на Алејата на славните заедно со останатите луѓе кои направија одлична работа во овој град, изјави Тарантино.
На откривањето на ѕвездата, Тарантино беше придружуван од повеќемина негови соработници, меѓу кои и Пек Грир, Тим Рот и Семјуел Л. Џексон.
Тарантино досега има освоено два оскара во категоријата најдобро сценарио и тоа за филмовите „Django Unchained“ во 2013 година и за „Евтини приказни“ во 1995 година.