Концертниот караван „Македонијо, во срце те носиме“ со финален спектакл во Кичево

Од:

По незаборавните вечери во Охрид, Делчево, Штип, Струмица, Битола, Гостивар и Прилеп концертниот караван „Македонијо, во срце те носиме“ својата славна приказна ќе ја заврши таму каде што истата продолжува – во срцето на Македонија, во Кичево! Секоја станица досега беше повеќе од концерт – беше заедничка молитва испеана низ песна, беше сведоштво дека македонската песна живее, дише и ги зближува генерациите.

Сега, Кичево го добива својот момент – вечер на емоции, гордост и незаборавна музика! Во недела (28 септември) од 20:00 часот, кичевскиот плоштад ќе се претвори во сцена на љубовта кон Македонија. Ќе блеснат ѕвездите кои со својот глас ја слават татковината: Бојана Скендеровски, Наум Петрески, Зуица Лазова, Ламбе Алабаковски, Спасен Силјаноски, Андријана Јаневска, Сузана Спасовска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Миле Кузмановски, Марија Спасовска и Мина Блажев.

14 нови композиции – создадени со срце, исполнети со љубов и напишани како химни на македонскиот дух, повторно ќе одекнат под отворено кичевско небо.

„Овој караван ни покажа нешто многу важно – за убавата македонска песна секогаш има расположение и публика! Илјадниците луѓе кои пееја со нас низ цела Македонија го докажаа тоа. Сега, Кичево ја добива честа да го заокружи ова патување. Да пееме заедно, да го прославиме тоа што сме – Македонци со срце полно љубов кон нашата земја“, порачуваат од Скендеровски продукција, организаторите на оваа музичка мисија.

Би можело да ве интересира

Нови детали од скандалот во Турција: Сопругата на Мустафа Сандал и нејзиниот татко сакаат да ги вратат спорните 54 милиони евра

Рајан Гослинг го оживува рок-бендот по 17 години пауза

Нетфликс започна со снимањето на третата сезона на „The Gentlemen“, во актерската екипа се Елајџа Вуд, Орландо Блум и Роберт Карлајл

Предраг Петровиќ

ХАОС ВО АВИОН: Познатата актерка ја гризела стјуардесата и се обидела да ја отвори вратата среде лет

(ВИДЕО) Селин Дион падна на сцената пред илјадници луѓе: Нејзината реакција стана хит на мрежите

Македонски тим на олимпијадата по роботика во Јужна Кореја