Холивудскиот ветеран Клинт Инствуд, која како актер се прослави со улогите на каубоец во шпагети вестерн филмовите и со ролјите на Валканиот Хари, а подоцна му се посвети на режирање, вчера го прослави на 85-от роденден.
Во 60-те години на минатиот век Иствуд првите позначајни улоги ги оствари во шпагети вестерните на Серџо Леоне, „За грст долари“ и „Добриот, лошиот и грдиот“.
Стуатус на филмска ѕвезда му донесоа улогите на „мачо тип“, кој ги постави темелите на ликовите на мачо-полицајци во серијалот филмови за Валканиот Хари. Кон крајот на 70-те години ја имаше незаборавената улога на затвореник во филмот „Бегство од Алкатраз“.
Неговата кариерата потоа ја одбележаа блокбастерот „Линија на огнот“ и љубовната драма со Мерил Стрип, „Мостовите на Медисон“, кој исто така беше голем кино-хит.
Потоа, за режија на „Мистичната река“ доби номинација за Оскар. Оскарот го освои за „Девојка од милион долари“ од 2004 година, филм кој доби четири златни стауетки, меѓу кои и за најдобар филм и најдобра режија, а Иствуд беше номиниран и за најдобар актер.
Во 2006 година режираше два филма за битката кај Иво Џима во Втората светска војна – „Знамиња на нашите татковци“ и „Писмата од Иво Џима“. Двата филма заработија неколку номинации за Оскар, вклучувајќи и оние за најдобра режија и најдобар филм.
Иствуд осум пати беше номиниран за Оскар за режија и продукција, победувајќи со филмовите „Непростено“ и „Девојка од милион долари“. Другите номинации ги имаше за „Мистичната река“ и „Писмата од Иво Џима“. Два пати беше номиниран за Оскар за најдобар актер, но во таа категорија никогаш не успеа да ја освои златната статуетка.